Град Скопје го заврши уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром

Град-Скопје-го-заврши-уредувањето-на-новата-паркова-површини-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Град Скопје го заврши уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром долж булеварот АСНОМ со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување. Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид во уредувањето на новиот парк и новите пешачки патеки покрај булеварот АСНОМ кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните. Паркот го изведоа јавните претпријатија на Град Скопје ЈП Паркови и зеленила и ЈП Улици и патишта, известува Град Скопје.


Како што информираат оттаму, годинава Град Скопје изврши и целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“, додаваат од Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK