Синоќа точно на полноќ своите виртуелни врати ширум ги отвори 14-тиот Регионален саем за вработување, (линк http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com) најголемата онлајн средба на работодавачи од регионот во потрага по квалитетни вработени и кандидати за работа!
Компаниите од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина седум дена почнувајки од денес, 24 Октомври, па сè до 31 Октомври ви нудат можност да си ја најдете работата од соништата.
На овогодинешниот саем се присутни повеќе од 150 компании од Македонија и соседните земји, со повеќе од 1.150 огласи за вработување!
Саемот е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, Регионалниот саем за вработување може да се посети од удобноста на вашиот дом, во било кое време од денот или ноќта.
На бројните виртуелни штандови посетителите ќе бидат пречекани од страна на успешни работодавачи од Македонија и регионот со кои во живо ќе можете да разговараат. Покрај богатата понуда на работни места, штандовите содржат информации за компаниите, искуства на вработените, фотогалерии и/или видеа од работната средина.
Аплицирањето на огласите е брзо и исклучително едноставно, а саемот ви нуди и можност за повеќекратно аплицирање на повеќе огласи кои ви го привлекле вниманието.
На саемот ќе имате можност виртуелно да ги посетите штандовите на Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions, Teleperformance, Amfenol, Transcom и други.
Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имаме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana. На штандовите низ останатите 4 земји учеснички на саемот ве очекуваат уште многу други изложувачи од регионот.
Посети го саемот од 24 до 31 октомври на http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com и кликни за промена на подобро!
Саемот е во организација на водечкиот портал за огласување работни места во Македонија, Vrabotuvanje.com, кој е дел од групацијата Alma Career, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.
(ПР текст)