СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 55%, оваа година добиваат и 10.000 денари К15

СДСМ-Ги-зголемивме-платите-на-наставниците-за-55-оваа-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ изминатите години на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниците, со покачување на платите за 55 проценти, соопштија од оваа партија.


Според нив, платите на наставниците само во септември годинава се зголемени за 15 отсто. Од 2017 досега платите на наставниците се зголемени во повеќе наврати, за вкупно 55 отсто.

„Со покачени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство достигнуваат над 40.000 денари.

Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор.

Разликата меѓу СДСМ и ДПМНЕ е јасна и очигледна“, потенцираат од владејачката партија.

Додаваат дека СДСМ за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK