Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје биле изречени вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 177 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле и четири мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли, според најавите на МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.