Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Тајван

Земјотрес-со-јачина-од-62-степени-го-погоди-Тајван.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот. Зградите во главниот град Тајпеј се тресеа, но нема извештаи за штети, јавува Ројтерс.


Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на тајванската област Хуалиен, јужно од јапонскиот остров Јонагуни, на длабочина од 5,7 километри, соопшти метеоролошката служба. Возовите во системот на метрото на Тајпеј забавија, но сообраќајот набрзо продолжи нормално, соопшти градската управа.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи, така што земјотресите во областа не се невообичаени. Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.000 луѓе во 1999 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK