Ирански командант: Ќе го нападнеме Израел ако треба

Ирански-командант-Ќе-го-нападнеме-Израел-ако-треба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Висок член на Иранската револуционерна гарда навести дека ќе разгледаат да го нападнат Израел доколку е потребно, објавија локалните медиуми.



Иран Интернешнл објави дека заменик-командантот Али Фадави рекол: „Некои веруваат дека директниот ракетен напад врз Хаифа е најпрактичниот начин на дејствување. Ќе ја извршиме оваа задача без двоумење доколку е потребно“.

„Сепак, не сум јас тој кој наредува напад“, додаде тој.

Хаифа е пристанишен град на северот на Израел. Фадави зборуваше на собир на студенти во џамијата на Универзитетот во Техеран.

Ова не е првпат Фадави да го коментира конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Тој минатата недела рече дека Израел ќе се соочи со нов шок бран од фронтот на отпорот доколку неговите злосторства во Газа не престанат.

Фронт на отпорот е термин кој често го користи Иран за означување на вооружените групи во регионот со кој е поврзан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK