Израелската армија постави услов за завршување на војната

Израелската-армија-постави-услов-за-завршување-на-војната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус изјави за австралиската јавна телевизија ABC дека најверојатно ќе следи копнена инвазија на Газа доколку Хамас не се предаде безусловно.


Тој не ја потврди информацијата дека е одложен копнениот упад на израелската армија во Појасот Газа, туку само изјави дека израелските сили имаат намера „целосно да го разбијат Хамас“.

„Кога членовите на Хамас би излегле од нивните скривалишта, би ги вратиле заложниците, сите 212 и би се предале безусловно, тогаш војната ќе биде завршена“, рече Конрикус.

„Ако не го сторат тоа, веројатно ќе треба да извршиме копнена инвазија и да го решиме тоа“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK