По повод одбележување на денешниот голем национален празник „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, КИЦ Битола и oпштина Битола со два исклучителни културни настани.
Програмата ќе започне во Свечената сала на Офицерски дом со изложбата на Диме Ратајковски и Душко Апостоловски, насловена како „Лица на револуцијата“, за да продолжи во Кино Манаки во 20.30 часот со промоција на книгата „Фитилот догорува“ на Зоран Пејковски.