Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата даваат резултати, што е потврдено и од Светска банка, велат од СДСМ.
– Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година, велат оттаму.
На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.