Паника во Франција: Осум аеродроми добија извештаи за бомби, во тек е евакуација на три

Паника-во-Франција-Осум-аеродроми-добија-извештаи-за-бомби-во.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Франција и денеска беа упатени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави „ТВ БФМ“.


Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекен, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безиер, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарб и Безје.

И во претходните два дена, неколку француски аеродроми добија извештаи за бомби, за кои беше откриено дека се лажни. И Версајската палата и музејот Лувр неодамна беа евакуирани од истите причини.

37-годишен маж денеска е уапсен под сомнение дека испратил лажна дојава за бомба во Версајската палата во четвртокот, која поради тоа вчера беше евакуирана.

Според „ТВ БФМ“, осомничениот, кој нема криминално досие, живее со родителите, е невработен, боледува од шизофренија, а полицијата засега не се сомнева во терористички мотиви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK