Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот В.Н. од Скопје и електичен тротинет управуван од 40-годишниот Д.К. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.