Газа: 16 лица загинаа во бомбардирањето на православната црква

Газа-16-лица-загинаа-во-бомбардирањето-на-православната-црква.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 16 палестински христијани загинале во бомбардирањето на грчката православна црква Свети Порфириј во градот Газа.


Се додава дека за нивната смрт е одговорно „ционистичкото бомбардирање на црквата“, јави палестинската ТВ Ал Акса.

Палестинското Министерство соопшти дека вкупниот број на загинати во воздушните напади врз Газа се зголеми на 4.137, додека повеќе од 13.000 луѓе се повредени.

Холандската влада ги повика своите граѓани да не патуваат во Либан, а оние кои се во таа земја „што поскоро да ја напуштат“.

„Како резултат на непредвидливите настани меѓу Израел и палестинските територии, во Либан се зголемија тензиите“, се вели во владиното соопштение, пренесува Ројтерс.

Германското Министерство за надворешни работи вчера ги повика германските граѓани да го напуштат Либан, а им беше препорачано да го напуштат и Западниот Брег.

Британскиот премиер Риши Сунак и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани се согласија дека е неопходно да се спречи ескалација на насилството на Блискиот Исток и итно да се достави хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на Сунак.

„Тие го истакнаа императивот да се избегне каква било ескалација на насилството низ регионот и се согласија дека лидерите се обврзани да направат се што е можно за да го спречат тоа“, се вели во соопштението по средбата меѓу двајцата лидери, пренесува Ројтерс.

Се додава дека се договориле дека е неопходно итно да се обезбедат храна, вода и лекови за цивилите во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK