Клучниот коридор за помош меѓу Египет и јужниот дел на Газа – на граничниот премин Рафах – би можел да се отвори уште денес за да ги донесе многу потребните резерви во Газа. Но, Мохсен Сархан, извршниот директор на Египетската банка за храна, изјави за Би-би-си дека испораката на помош може да биде попречена доколку продолжи интензивното бомбардирање на преминот Рафах.
„Она што не спречува да влеземе е бомбардирањето на целиот Појас Газа од страна на израелската армија. Осум дена сме стационирани на границата и бомбите паѓаат секоја минута“, изјави тој за Би-би-си.
„Тие дури и бомбардираа пустош каде нема ниту животни, ниту луѓе. Подготвени сме да влеземе, но египетските власти нема да нѐ пуштат доколку не гарантираат дека нема веднаш да бидеме убиени“, додаде тој.