Во доцна вечерното интервју за Си-ен-ен, портпаролот на ИДФ Џонатан Конрикус беше прашан да коментира за тоа колку брзо може да започне копнената офанзива.
Missiles reportedly fired at Israel from Yemen, the prospects of ground maneuvers and the readiness of the IDF. That and more on @cnni with @ErinBurnett pic.twitter.com/97MoVjo4xh
— Jonathan Conricus (@jconricus) October 20, 2023
„ИДФ е распоредена долж Појасот Газа. Резервите се подготвени, опремени и во готовност“, рече тој. Но, не сакаше да се најави кога ќе почнат активностите.
„Копнената активност е една од опциите, една од алатките со кои располагаме“, додаде тој.
Претходно вчера израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги посети израелските војници стационирани на границата со Газа и им порача дека наскоро ќе ја видат територијата „од внатре“.
„Ќе дојде редот“, рече Галант. Набргу потоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на кое е опкружен со војници и ветува победа.