Покрај најголемото изобилство на најпрекрасните бои во природата што ни ги носи есента, оваа сезона е синоним и за врнежливи периоди. Постуденото време, врнежите, но и немањето можности кога е во прашање престојот на отворено, ќе мотивира многумина да го заменат излегувањето со останување дома и активности кои ни ветуваат удобност на сопствениот дом. Одличен начин да го поминете дождливиот есенски ден е со шолја топол чај и опуштање со омилената серија или филм.
Секако, за задоволството да биде целосно, неопходни се и соодветни уреди, кој можете да ги најдете кај производителот Samsung кој повторно и 17 години по ред го зазема првото место на глобалниот пазар на ТВ уреди. Ви ги предлагаме револуционерните телевизори на Samsung како 77-инчниот OLED 4K телевизор и неверојатниот 98-инчен QLED 4K, кои го внесуваат кинематографското искуство директно во вашата дневна соба! Со овие уреди гледањето на вашите омилени содржини е подигнато на повисоко ниво, бидејќи во секое време ќе имате можност да се опуштите и да уживате пред сопствениот „кино екран“.
Од неверојатно живи бои до остри детали, секој кадар ќе ви биде прикажан со неспоредлива прецизност, а освен уникатно видео искуство, телевизорите на Samsung нудат и бројни напредни функции кои дополнително ќе ве воодушеват, но и ќе го олеснат претстојното есенско секојдневие. На вас останува само да ја изберете вашата омилена содржина на филм или серија и да се препуштите на неверојатно искуство, кое ќе го претвори вашиот дом во сопствена кино сала и ќе ги направи есенските денови поубави и позабавни.
Спектакуларно искуство со OLED телевизор од 77 инчи
Благодарение на 77” OLED 4K телевизор, нурнете се во неверојатно јасна слика што ве води во светот на неверојатна реалност, вистински спектакл и врвно телевизиско искуство. Неговата напредна OLED технологија носи длабоки бои и исклучителен контраст, претворајќи ја вашата дневна соба во кино екран. Преку брилијантниот квалитет на слика дополнет со 20 различни невронски мрежи, ќе ја почувствувате целата моќ на 4K резолуцијата, уживајќи истовремено во ненадмината осветленост и супериорност на сликата. Едноставно, секој кадар од вашата омилена серија или филм ќе биде јасен во детали, па нема да го пропуштите впечатокот дека сте во сопственото кино. Покрај импресивната слика, 77-инчниот OLED телевизор Samsung доаѓа и со низа функции кои обезбедуваат бескрајни можности за забава и поврзување. Овој паметен телевизор поддржува и HDR10+ технологија, која овозможува поживописна слика со богати бои и подлабоки црни тонови.
Опремен е и со најновата платформа Smart TV, која ви овозможува пристап до најпопуларните услуги за стриминг, како што се Netflix, Amazon Prime Video и Disney+. Тоа значи дека лесно можете да ја гледате омилената содржина, но и да најдете нови наслови на серии или филмови, а сето тоа со само едно притискање на далечинскиот управувач.
Овој телевизор има и импресивни аудио перформанси бидејќи целосното искуство е незамисливо без добар звук. Технологијата Dolby Atmos ви овозможува богата и моќна аудио средина која го оживува секој момент, па без разлика дали гледате акционен филм или епизода од релаксирачка серија, звукот ќе ве воодушеви со својот квалитет.
Samsung OLED телевизорот од 77 инчи е идеален избор за сите оние кои сакаат совршена рамнотежа помеѓу извонредната слика и софистицираниот дизајн. Тенката рамка и минималистичкиот дизајн дополнително ја нагласуваат елеганцијата на овој телевизор, правејќи го атрактивен додаток на секој ентериер.
Неговото височество 98-инчиот QLED
Samsung телевизорот 98” QLED 4K исто така ви гарантира првокласно кино чувство. Станува збор за телевизор кој носи беспрекорна технологија за прикажување, но и елегантен дизајн на екранот, кој на корисниците им нуди висококвалитетно искуство.
Благодарение на овој Samsung телевизор, есента ќе ви биде позабавна од кога било, бидејќи брилијантниот Quantum HDR обезбедува најсветла слика и најчист контраст, а со поддршката на неуронскиот Quantum процесор 4K, сликата на Theatrum гарантира автентични и јасни бои оптимизирани за екранот од 98 инчи.
QLED од 98 инчи е опремен и со моќна технологија Quantum Dot за прикажување неверојатни живописни бои, а освен тоа, има вградена опција Real Depth Enhancer која ја прикажува перцепцијата на длабочината на ист начин како човечкото око, создавајќи волшебно визуелно искуство за секој корисник.
Дури и со овој модел на Samsung TV, не можеме да го заборавиме импресивниот звук, кој претставува уште една клучна компонента во создавањето незаборавно телевизиско искуство. Технологијата на звучниците Dolby Atmos ви овозможува целосно да се нурнете во светот на звукот, како да сте навистина дел од сцената. Функцијата Q-Symphony испорачува синхронизиран звук од секој звучник на телевизорот и лентата за звук, создавајќи звучна средина што го придружува секој момент на екранот. Овие уреди ја содржат и функцијата Eye Comfort, која автоматски ја прилагодува осветленоста на боите на екранот, во зависност од условите во просторијата, со што на сите љубители на филмови им овозможува фантастично искуство.
Клучот за безбедност е во платформата Нокс
Новата технологија денес значи и дека голем дел од вашите податоци, се наоѓаат и во вашиот телевизор. Сепак, компанијата Samsung се грижи и за ова, создавајќи бројни дополнителни поволности за своите корисници. Така, платформата Knox е една од софтверските карактеристики со кои дефинитивно може да се пофалат Samsung телевизорите 77″ OLED 4K и 98″ QLED 4K. Придобивките што оваа платформа им ги носи на корисниците првенствено се огледуваат во повеќеслојната заштита која ги зачувува вашите податоци како што се PIN-кодови, други кодови и лозинки. Исто така, сите други уреди поврзани преку интернет со вашиот омилен телевизор се безбедни, а во исто време сте заштитени од злонамерни напади бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира злонамерните дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“. Покрај целосната безбедност, безбедносниот тим на Samsung го оптимизира и вашиот уред преку редовни ажурирања, ревизии и следења за да имате целосно искуство.
Заштеда на енергија со AI Energy и режимот SmartThings
Платформата SmartThings, како уште една придобивка на уредите Samsung, овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, додека безбедноста останува главен приоритет, што им олеснува на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство кое одговара на нивните преференции и потреби. Од друга страна, со режимот AI Energy, можете да заштедите енергија и да ги следите вашите заштеди. Нијанси на амбиентално светло автоматски се откриваат и анализираат за да се прилагоди светлината, намалувајќи ја вкупната потрошувачка на енергија. Или пак со далечинскиот управувач SolarCell кој има соларен панел и се полни на соларна енергија и внатрешно осветлување, повеќе нема да имате потреба од батерии за еднократна употреба кои секако не се најдобри за животната околина. Така, телевизорите на Samsung не само што им обезбедуваат на корисниците извонредно доживување при гледањето, туку и се прилагодуваат на нивниот животен стил. Овие уреди го подобруваат искуството благодарение на иновативните перформанси и технологија, затоа препуштете се на омилената есенска содржина и искусете го светот на филмовите како никогаш досега.
Повеќе информации за OLED од 77 инчи и QLED од 98 инчи телевизорите на Samsung прочитајте на следните линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/q80c-98-inch-qled-4k-smart-tv-qe98q80catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/