Британски хирург: Главната болница во Газа остана без гориво

Британски-хирург-Главната-болница-во-Газа-остана-без-гориво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нема повеќе гориво во болницата Ал Шифа во градот Газа, изјави британски хирург кој им помага на медицинските лица во областа веќе 15 години. Тоа значи дека ниеден вентилатор или која било друга електрична опрема не може да работи, рече д-р Ник Мејнард.


„Огромното мнозинство пациенти сега едноставно не можат да се лекуваат и тие се во очајна ситуација“, рече тој.

Неговите пријатели и колеги во Газа стравуваат дека ќе бидат мртви пред да стигне помошта, рече тој.

Тие одбија да ги напуштат болниците соочени со израелските наредби за евакуација, иако знаеја дека тоа може да доведе до нивна смрт, додаде д-р Мејнард.

Ресурсите практично не постојат, а здравствениот систем е пред колапс, вели тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK