Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да настапи на турнирот во Базел.
Вториот тенисер во светот ќе мора да го пропушти турнирот во Базел поради воспаление на стопалото и проблеми со глутеалните мускули.
Тоа значи дека се зголемуваат шансите Новак Ѓоковиќ да ја заврши годината на првото место.
Двајцата тенисери до крајот на годината ќе играат на два турнири, Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Торино.
На тие турнири Ѓоковиќ ќе брани повеќе поени, но бидејќи Србинот моментално има предност од 2.240. бодови, ќе мора многу лошо да ги игра тие турнири, доколку Алкараз сака годината на првото место.