Брисел: Полицијата пресретна тешко вооружена група

Брисел-Полицијата-пресретна-тешко-вооружена-група.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во белгиското пристаниште Антверпен полицијата пресретнала комбе во кое имало седум тешко вооружени мажи.


Сомненијата се дека сакале да врата неколку тони кокаин кои полицијата претходно ги запленила во пристаништето, објави денеска „Либр“.

Според извештаите, полицијата во Антверпен извршила операција со висок ризик и пресретнала комбе со седум тешко вооружени мажи во вторникот вечерта.

Истрагата ќе треба да утврди што планирала групата и можните врски со големата заплена на кокаин што се случи претходно во текот на денот во пристаништето Антверпен.

Во вторникот во тоа пристаниште биле запленети неколку тони кокаин, а дрогата била скриена во пратка со соино брашно.

Обвинителите веруваат дека вооружените лица сакале да се обидат да го вратат одземениот товар, пишува белгискиот весник „Либр“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK