Наставничка од средно училиште пријавила дека и биле упатени закани од страна на родител на нејзина ученичка.
„На 16 октомври во 09.10 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје, наставничка во средно училиште во Скопје, пријавила дека на работното место, Д.Б. (родител на ученичка во училиштето) ѝ упатил закани“, oбјави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.