Да им дадеме НАДЕЖ- ХОУП на сите што имаат проблеми со говорот – на лицата со афазија

Поддршка за ХОУП-ЕЛИТ
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на жени менаџерки „Елитки“ на својата последна трибина одржана на 09.10.2023 на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ активно се вклучи во поддршката на Здружението ХОУП, чиј претседател е познатата адвокатка Мирјана Марковска, која успешно се бори со оваа состојба, која се јавила како последица на мозочен удар, но сака да им помогне и на другите луѓе да се здружат, да комуницираат и да си помогнат меѓусебно. Марковска го основа здружението ХОУП чија цел е да ја подигне свеста за афазија. ХОУП е надеж и помош за сите кои се соочуваат со афазијата, но и Здружение кое активно работи на препознавање и превенција на здравствени состојби кои може да доведат до афазија. Афазијата не е болест, туку е состојба или последица на мозочни нарушувања.Афазијата (не нужно) може да ја следат и други нарушувања на мозочните функции: помнење, перцепција, волеви движења.

Мисијата на ХОУП е да ги интегрира сите овие сегменти за да им го отвори патот на лицата со афазија и нивните најблиски, тие полесно да стигнат до целта како победници.
Марковска, апелира да се охрабрат, да веруваат. ХОУП е надеж и помош за сите кои имаат афазија да си помогнат меѓусебно  на индивидуален план, но и на општа превенција и рехабилитација.


Член на Здружение ХОУП може да биде секое заинтересирано лице кое доброволно и слободно ќе пристапи во членство.

Oфицијалната веб страна на ХОУП –

https://hope.org.mk/

Официјалната инстаграм страна на ХОУП

https://www.instagram.com/hope.org.mk/

Официјалната фб страница на ХОУП
https://m.facebook.com/hope.org.mk

Официјален youtube канал на ХОУП
https://www.youtube.com/@hopeorgmk

Здружение за помош и поддршка на лица со афазија ХОУП Скопје

ул. Орце Николов бр. 75

контакт тел: 075-500-000; 075-500-110

e-пошта: [email protected]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK