Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден.
Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на полициски извори, палатата е евакуирана поради закана за бомба.
„Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денеска“, објавија на официјалниот профил на Версајската палата на мрежата Х.
И во саботата беше евакуирана палатата Версај, исто така поради закана за бомба.
Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво од петокот вечерта, по убиството на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во градот Арас, а во тој инцидент уште три лица биле тешко повредени, вклучувајќи го и напаѓачот.