Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека бомбардирањето во Газа мора веднаш да престане, пренесува Ројтерс повикувајќи се на ирански државни медиуми.
Тој рече дека на израелските функционери треба да им се суди за нивните злосторства врз Палестинците во Газа и истакна дека никој нема да може да ги запре муслиманите ширум светот и силите на отпорот доколку продолжат израелските злосторства во Газа.