Кремљ ги отфрли тврдењата на Западот дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија, го цитира агенцијата Тасс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Белата куќа во петокот соопшти дека Северна Кореја неодамна и доставила на Русија пратка оружје, нарекувајќи го загрижувачки развој на настаните.
Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак минатиот месец изјави дека Велика Британија бара од Северна Кореја да ги прекине преговорите за вооружување со Русија, пренесе Ројтерс.