Нега на кожата на есен – збогатете го ритуалот со пантенол

Нега-на-кожата-на-есен-–-збогатете-го-ритуалот-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Есента почна, а Вие се уште ја користите истата летна козметика за нега на кожата. Надворешните температури почнаа да опаѓаат, наутро се чувствува студен ветар, а и ноќите се значајно поладни. Кожата на рацете почнува да затега, сигнал кој предупредува дека доаѓаат денови кога е потребна посилна заштита од влијанието на студот, ветерот и загадувањето.


Но, што е навистина потребно да се промени за кожата да остане сјајна и нежна? Првиот совет што секој ќе ви го даде е – повеќе влажност. Воведете производи кои ќе спречат сушење на кожата, кое води до нејзино пукање и појава на груба кожа и црвенило. Време е да посегнете по маст, крема или пена богата со пантенол.

Фармацевтската компанија Галеника повеќе од 60 години произведува козметички производи кои содржат или се богати со пантенол во зависност од потребите на корисникот. При тоа, компанијата постојано ја збогатува и понудата со нови производи кои соодветствуваат на барањата на современиот потрошувач. Односно, пантенолот е дел од негата за кожа што ја користеле уште нашите баби, што креира дополнително доверба во делотворноста на оваа состојка, а која денес во нови модерни пакувања е присутна во речиси сите наши аптеки и продавници за козметика.

Всушност пантенолот се претвора во витамин Б5 кога телото го апсорбира. Витаминот Б5 има чудесни својства за подмладување и навлажнување на кожата. Тој е ефикасен антиоксиданс и помага за зарастување на рани и изгореници. Но и да ја направи кожата на рацете да изгледа поздрава и подобро негувана од кога било претходно затоа што поттикнува производството на колаген и еластин. Од оваа причина производите со пантенол ги има речиси во секој дом. Погодни за користење за жени, но и за мажи Пантенол пената со 9% пантенол, кремата, маста и растворот се користат за нега и заштита на кожата, косата, брадата и слузокожата, а нов производ во домашните аптеки е спрејот Пантенол 10% наменет за нега на кожа и на коса.

PANTENOL спреј 10% е соодветен е за сите типови на кожа. Ги намалува непријатното чувство на чешање и иритацијата кај сува кожа. Се препорачува за нега и на кожа која е склона кон перутање. Кожата ја прави поеластична и поотпорна на штетни влијанија, а со редовна употреба таа станува мазна со свеж и блескав изглед.

Активната состојка на спрејот е Декспантенол 10%, која придонесува за стимулација на природниот процес на подмладување на клетките и ја одржува кожата нахранета и jа поттикнува регенерацијата на ткивата. Поволно делува кај третманот на лузни, опекотини и дерматози. Пантенол 10% спреј во составот има Алантоин, кој има антиоксидативен, хидрирачки и смирувачки ефект на кожата. Соодветен е за нега на многу осетлива кожа, иритирана (по депилација, сончање), како и на кожа со акни.

Во зависност од потребите на кожата, спрејот може да се користи и 2-3 пати на ден.

Спрејот придонесува за заштита на косата при стилизирање или оштетување.

Пантенол кремата е одлична за негување на кожата на рацете и на телото, но и за зараснување на рани.

Пантенол маст ја снабдува кожата со сите неопходни хранливи материи што треба да ги содржи производ за нега. На пример содржи и ланолин, чија способност да ја навлажнува, штити и негува кожата го прави одлична опција за оние кои бараат поприродно и поефективно решение за нега на кожата. Сите овие особини на состојките, ја прават маста вистински избор за правилна нега за рацете, лицето и телото.

Ако ви е потребен пантенол за нега на слузокожата, косата или брадата пробајте го растворот на Галеника. Растворот ја зајакнува косата и спречува расцепување или кршење на влакната. Исто така може да се користи како заштита при грубо четкање или стилизирање со високи температури затоа што овозможува влажност на косата и скалпот, а при тоа инстантно ги измазнува сите несовршености на косата.

Заедничко за сите производи е посветеноста на Галеника да инвестира во иновативни технологии со цел да се одржи врвниот квалитет на производите и да се следат новите трендови во негата на кожата.

Колку можете да влијаете да ја зачувате влажноста на кожата ако не воведете нов есенски ритуал за нега?

Први на листата виновници се студениот воздух, топлиот туш, ветерот и Сонцето, а на нив не можете лично да влијаете. Иако ќе пиете доволно течности, ќе внимавате на исхраната, сепак не можете да влијаете на влажноста или сувоста на воздухот. Односно во летните месеци кожата добива влажност од самиот воздух. Често се жалиме дека има висока влажност во воздухот – но тоа е една од причините и за убава кожа. Ладниот воздух е значајно посув и кожата го губи природниот извор на влажност. Станува сува и затегната.

Топлиот туш не помага. Напротив, уште повеќе ја суши кожата затоа што топлата вода ги измива природните масти кои ја одржуваат сјајна и здрава. Дали ветерот ве потсетува на испуканите усни во детството? Ладниот ветар се покажува како вистински виртуоз за брзо сушење на кожата и нејзино пукање. Иако ја покриваме кожата со долги ракави и ногавици за да ја заштитиме од сувиот и ладен ветар, сепак тоа не е доволно затоа што и алишта дополнително ја сушат кожата.

Она над што можете да имате контрола е ритуалот за нега, а тој нека почне со квалитетен и докажан Пантенол производ.

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK