Колумбија побарала од израелскиот амбасадор во таа земја да му се извини на колумбискиот претседател Густаво Петро и после тоа да ја „напушти“ оваа јужноамериканска земја, јавуваат израелските медиуми.
Спорот настана по реакцијата на Петро на изјавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во која тој најави „целосна опсада“ на Газа во борбата против „животните“. Колумбискиот претседател изјави дека со такви зборови „нацистите зборувале за Евреите“.
Ayer se desató un debate sobre la política internacional de Colombia antes y durante mi gobierno.
Debo decir lo siguiente:
La política exterior de Colombia en las últimas décadas, siempre con dignas excepciones, se enmarcó;
1.. Supeditarse a toda política exterior de los EEUU,…
— Gustavo Petro (@petrogustavo) October 16, 2023
Пишувајќи на X, порано Твитер, Петро, меѓу другото, додаде дека „демократските нации не можат да дозволат повторно воспоставување на нацизмот во меѓународната политика“.
Тој рече дека формулацијата на Галант претставува „говор на омраза“ кој, доколку се дозволи да продолжи, „само ќе донесе холокауст“.
Израелскиот амбасадор Гали Даган го критикуваше колумбискиот претседател за неговите „антисемитски“ изјави и „поддршка на терористите“ кои го нападнаа Израел.
Набрзо следеше реакцијата на министерот за надворешни работи на Колумбија, Алваро Лејва, кој рече дека израелскиот амбасадор „во најмала рака мора да се извини и да си замине“.
Вчера Израел го запре извозот на производи во Колумбија во знак на протест поради изјавите на колумбискиот лидер.