(Видео) Блинкен и Нетанјаху завршија во засолниште во Израел: Драма за време на посетата на американскиот секретар на Тел Авив

Видео-Блинкен-и-Нетанјаху-завршија-во-засолниште-во-Израел-Драма.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и членовите на израелската влада завршија во бункер на денешната средба во Тел Авив.


Според светските медиуми, Блинкен и Нетанјаху морале да се повлечат во засолниште кога во Тел Авив за време на нивната средба се огласиле сирените за воздушен напад.

Според портпаролот Мет Милер, тие поминале околу пет минути во засолништето.

„После тоа, тие излегоа од засолништето и ги продолжија разговорите во командниот центар“, рече Милер.

Медиумите потсетуваат дека Блинкен двапати го посети Израел за помалку од седум дена.

Израелскиот министер за одбрана предупреди дека ги чека долга војна.

„Цената ќе биде висока, но ние ќе победиме, за Израел, за еврејскиот народ и за вредностите во кои веруваат двете земји“, рече Јоав Галан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK