Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп, информираа од Центарот за управување со кризи.
„Во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани“, соопштија од ЦУК.
Појаснуваат дека хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрлил над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.