Хајди Клум покажа како изгледала на почетокот на кариерата.
„Овие беа мои фотографии за учество на натпревар за манекенки во 1992 година. Мајка ми ми донесе кутија со многу стари фотоси од подрумот,“ напиша германската манекенка на својот „Инстаграм“.
Нејзината пријателка Карин ја убедила да се пријави на модниот натпревар, чии победници учествуваа во тогаш познатото ТВ-шоу на Томас Готшалк. Хајди победи во конкуренција од 25.000 натпреварувачки и, ѝ беше понуден договор вреден 300.000 долари. Таа ја прифати понудата, започна кариера како модел и го прекина образованието.
Во изминатите 30 години Хајди e едно од најпознатите имиња во светот на моделството.
Минатиот месец, медиумите објавија статии за Хајди по повод нејзиниот 50. роденден и повеќедецениската кариера во модата – со поглед наназад на некои од најголемите моменти во манекенството.
Откако за првпат се појави на сцената во 90-тите, Хајди со децении газеше на модните писти и блескаше пред камерите.
По победата на германскиот натпревар за модели во 1992 година, кариерата на Клум тргна нагоре. Кон крајот на 90-тите, таа зеде еден пар крилја и го започна својот мандат како ангел на „Викторија’с сикрет“, а во 1998 година се најде на насловната страница на изданието за костими за капење на „Спортс илустрејтид“.
Хајди на модна ревија на „Викторија’с сикрет“ во 1999 година.
Како „ангел“, Клум ја делеше сцената со други убавици како Тајра Бенкс, Наоми Кембел, Жизел Бундхен, Адријана Лима (сите на фотографијата во 2005 година) и многу други.
Својата работна кариера ја продолжи и надвор од пистата и, во 2004 година таа стана водителка и член на жирито на Project Runway („Проект писта“) – и остана таму 16 сезони.
Мајката на четири деца никогаш не престана да се занимава со манекенство, па дури и глуми во кампања за долна облека – и на насловна страница на списание – со својата најстара ќерка Лени Клум, која сега и самата е модел.