Мицкоски и ДПМНЕ да се извинат откако ДКСК ги потопи нивните лаги за Ковачевски, велат од СДСМ

Мицкоски-и-ДПМНЕ-да-се-извинат-откако-ДКСК-ги-потопи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и да се извинат, откако ДСКС ги потопи нивните фабрикувани лаги и манипулации за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски“, соопшти СДСМ.


„Се потврди дека сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се само голема лага, ништо повеќе.

Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.

Уште еднаш се виде дека ДПМНЕ своето дејствување го базира единствено на лажни вести, шпекулации и дезинформации“, се додава во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK