ММФ прогнозира двојно поголема инфлација од Ковачевски и Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ММФ-прогнозира-двојно-поголема-инфлација-од-Ковачевски-и-Владата-вели.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„ММФ прогнозира двојно поголема инфлација од Ковачевски и владата, лошите политики ја влечат Македонија во бездна. Прогнозата на ММФ е дека Македонија ќе ја заврши година со 10% инфлација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и власта не успеаја да ја зауздаат инфлацијата. Напротив покачените цени на голем број производи преку зголеменото ДДВ може уште повеќе да влијаат на зголемување на и така големата инфлација.

Лаги се и сите тези на власта дека инфлацијата е увезена. Македонија во моментов има 50% поголема инфлација од Еврозоната.

Лошите политики на власта на СДС и ДУИ на полето на економијата само ќе влијаат негативно на економските трендови“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK