„Паралелни светови” – изложба на Денис Јагџи

„Паралелни-светови-–-изложба-на-Денис-Јагџи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На 19 октомври 2023 година, со почеток во 19 часот во објектот Сули ан – галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, во Старата скопска чаршија, ќе биде отворена втората самостојна изложба „Паралелни светови“ на фотографот Денис Јагџи.

„Во современиот технолошки галамтијас живееме со крупни чекори и со ширум отворени очи и гради, прифаќајќи ги придобивките и предностите од новите цивилизациски изуми, а не размислувајќи, ниту пак осврнувајќи се на жртвите кои ги принесуваме прифаќајќи го „данокот“ на новата технократска доба. Побргу комуницираме, виртуелно споделуваме информации со еден клик, работата ни ја олеснуваат разновидни помагала, а ние наместо да ги зачуваме вредностите кои се суштина на егзистирањето, стануваме робови на самите технолошки помагала кои треба всушност да ни го „олеснат“ животот. Зависноста која ја создаваме кон нив не претвора во маѓепсани марионети кои колективно „влегуваат во матриксот“ на хибридниот медиумско-платформски пејзаж и комплетно ја менуваат когнитивната перцепција на нормалното хуманистичко функционирање. Да не говориме за етичко-моралните прашања кои се проицираат од ваквиот мизансцен и кои на едно сосема цивилизациско рамниште го поставуваат дискурсот за лимитите на хуманистичката дистопија“.

Низ фотографскиот објектив младиот фотограф Денис Јагџи обработува еден сегмдент од ваквата реалност, создавајќи инсценирани и мрачни техничко-електронски паноптикуми, како своевидни „стаклени кутии“, во кои вгнездува неприродни за средината тела – детски играчки. Јагџи, ги конфронтира овие два света кои се борат помеѓу себе и кои се белег на денешниот социо-општествен хабитус.

Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура на РСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK