МНР се обидува да извлече брачна двојка од Македонија од Газа

МНР-се-обидува-да-извлече-брачна-двојка-од-Македонија-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Министерството за надворешни работи информираат дека двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.


Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат.

МНР е во секојдневна комуникација со нив.

Во меѓувреме МНР работи на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK