Некој шири гласини дека Чеко Перез ќe се пензионира

Некој-шири-гласини-дека-Чеко-Перез-ќe-се-пензионира.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гласините за пензионирањето на Серхио Перез од Формула 1 толку многу се проширија во светот на автомобилизмот што Ред Бул мораше да реагира и да ги демантира.


Официјален претставник на австрискиот тим изјави за германски „Аутоспорт“ дека не е точно дека Ред Бул планира да му ускрати на Мексиканецот место во болидот за следната сезона и додаде дека никој во тимот не слушнал ништо за наводната желба на Чеко да ја заврши кариерата на 29 октомври на Големата награда на Мексико.

Оваа изјава ја потврди и советникот на Ф1 тимот на Ред Бул и најжесток критичар на Перез, Хелмут Марко, кој неодамна изјави дека на вториот возач на тимот му е потребна промена, но демантираше дека соработката ќе биде прекината една година пред истекот на договорот.

Неименуваниот извор го наведува и ставот на Перез дека и покрај уште една потпросечна сезона и само пет освоени бода на последните три трки, 33-годишникот има намера да го заврши целиот договор со Ред Бул. Тоа значи дека сака да вози и во 2024 година.

Од друга страна, се шпекулира дека Ред Бул наголемо размислува кој покрај неприкосновениот Макс Ферстапен ќе го вози нивниот болид следната година и дека тоа сигурно нема да биде Перез, кој има шест победи во кариерата.

Ова во овој момент е поблиску до вистината отколку сензационалистичката најава за повлекување од „најлудиот циркус“.

На преостанатите пет трки до крајот на сезоната, Перез го очекува жестока битка со Луис Хамилтон за второто место во генералниот поредок зад ново-стариот светски шампион, Ферстапен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK