Израелската армија им порача на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа да користат два патишта денес за да се упатат кон југ, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили.
Во соопштението објавено на арапски јазик на социјалната мрежа Х, порано Твитер, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Авишај Адраеи рече дека двете рути може да се користат без страв дека ќе претрпат некакво оштетување или жртви меѓу 10:00 и 16:00 часот по локално време.
На оние кои живеат во градот Газа им се советува да се преселат на југ од Беит Ханун до Кан Јунис, пред можна копнена офанзива од страна на израелската армија.
На луѓето кои живеат во близина на плажата и западно од Олива, исто така, ќе им биде дозволено да се движат по улиците Далдул и Ал-Сана кон Салах Ал-Дин и Ал-Бахр, додаде Адраи.