„Од визија до реалност-Демир Капија заштитено подрачје“, утре во Градскиот парк во Демир Капија

„Од-визија-до-реалност-Демир-Капија-заштитено-подрачје-утре-во-Градскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре ќе се оддржи културниот настан „Од визија до реалност- Демир Капија заштитено подрачје“, во Градскиот парк во Демир Капија, со почеток во 14:00 часот.


Настанот ќе биде отворен со изложба на фотографии од природните убавини на Демир Капија. Потоа следува свечено отварање на настанот и вовед во иницијативата „Заедно за реките“, како и најава на следни активности во процесот на прогласување на заштитено подрачје. Во вечерната програма, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржат концертите на групите „Љубојна” и „Летечки пекинезери”.

„Од визија до реалност: Демир Капија заштитено подрачје“, е првиот од низата културни настани преку кои јавноста ќе има можност да се запознае со иницијативата за репрогласување на Демир Капија како заштитено подрачје, со што ќе се обезбеди активна заштита на Демиркаписката Клисура и долниот тек на реката Вардар со нејзините притоки.

Иницијативата „Заедно за реките“, има за цел да заштити повеќе од 400 километри реки низ нашиот регион. Иницијативата ја покрена меѓународната организација за заштита на природата The Nature Conservancy, а партнери се Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Република Северна Македонија, Центарот за заштита на животната средина и здруженијата „Динарика“ и „Нови вал“ од Република Босна и Херцеговина, Еко-тим од Република Црна Гора, и Еколошкото друштво „Рзав“ од Република Србија.

Во рамките на оваа Иницијатива „Еко-свест“, во соработка со Општина Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, ја започна постапката за репрогласување на Демиркаписката Клисура за заштитено подрачје, со што ќе се обезбеди активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK