Јовески очигледно е извршител на СДСМ и ги прикрива криминалците: Лашкоска за случајот Онкологија

Јовески-очигледно-е-извршител-на-СДСМ-и-ги-прикрива-криминалците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ревизорите укажуваат на неправилности, но прашањето е колку институциите постапуваат по извештаите, еве и конкретно за извештајот на Клиниката за онкологија, укажа пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.


„Една работа не е јасна, ревизорите укажуваат дека се постапува по извештаите. Сепак се поставува прашањето каков е одѕивот на институциите, еве сега конкретно за Онкологија. Дали вие кои ги работите извештаите сте повикани да дадете одговори во јавното обвинителство. Ревизијата може да му помогне на обвинителот но прашање е дали воопшто има интерес за ова кај обвинителството“, кажа Лашкоска.

Лашкоска укажа дека е недозволиво недоаѓањето на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

„Јовески вели дека не можел да дојде да биде на Комисијата на која го разгледуваме ревизорскиот извештај за Онкологија. Каква е таа итна работа, каква е таа работа која е поважна од човечкиот живот. На пример, тој утре не треба да се појави на работа, значи треба сите да бараме оставка од него. Редно е некој веќе да сноси одговорност“, вели Лашкоска.

Според пратеничката во јавноста може да излезе вистината ако се тргне од моментот на исклучување на като системот.

„Не можело тоа да се случи без знаење на директорот, министерот за здравство и истите требаше да одговараат, а требаше да има некаков епилог и до сега. Обвинителот Јовески очигледно е извршител на СДСМ и ги прикрива криминалците“, изјави Лашкоска.
Лашкоска заклучи дека одговорноста за човечките животи не може да заврши само на оставка на еден човек, на еден директор на Клиниката.

„Одговорност треба да понесат и министрите за здравство и не само политичка, туку и кривична одговорност. Време е да се стави крај на вакви функционери одговорни за човечките животи“, смета Лашкоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK