„Време е за нов истрел директно во главата на окупаторот Кристофер Хил“, маж од Белград се заканувал преку Фејсбук

„Време-е-за-нов-истрел-директно-во-главата-на-окупаторот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Белград е уапсен 50-годишниот маж С.Б. по повод заканите за убиство на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, потврди за Танјуг главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.


Уапсениот, како што се сомнева, на социјалната мрежа „Фејсбук“ меѓу другото напишал „Време е за нов истрел на Гаврило Принцип директно во главата на окупаторот Кристофер Хил“

Осомничениот се товари дека сторил кривично дело Загрозување на лице под меѓународна заштита, рече обвинителот Стефановиќ. Во рок од 48 часа тој ќе биде донесен на распит во обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK