Германија му вети целосна поддршка на Израел

Германија-му-вети-целосна-поддршка-на-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот увери за целосна поддршка за Израел по нападот на Хамас и најави забрана за поддршка на оваа терористичка организација во Германија како и забрана за организацијата Самидун која постојано повикува на антисемитски протести.


„Го осудуваме насилството на терористите најостро… Израел има право загарантирано со меѓународното право да ги брани своите граѓани од овој варварски напад“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц, обраќајќи им се на претставниците за време на вонредната седница на Бундестагот посветена на актуелните настани во Израел.

Тој рече дека прашањето за безбедноста на Израел било и останува прашање од национален интерес за Германија.

Германскиот канцелар најави забрана за секаков облик на поддршка за Хамас во Германија, како што е собирање финансиска помош. Истовремено, тој најави забрана за организацијата Самидун, која досега од Германија им помага на палестинските затвореници во израелските затвори, а организираше и протести кои резултираа со бројни антисемитски инциденти.

Оваа недела, полицијата во Берлин забрани три протести кои Самидун се обиде да ги организира, откако членовите на таа организација во саботата отворено славеа на улиците на Берлин, по терористичкиот напад врз Израел. Истовремено, зголемено е нивото на безбедност на еврејските и израелските згради во Германија.

„Ова е одвратно. Ова е нехумано. Тоа е спротивно на сите вредности на кои сме посветени како земја“, рече Шолц за настанот во саботата. „Не прифаќаме омраза. Не толерираме антисемитизам“.

Лидерот на опозициската унија повика на поконзистентна борба против антисемитизмот и ги нарече „неподносливи“ сцените на славење на арапските имигранти во Германија по нападот на Хамас.

Претставникот на владејачката Либерално-демократска партија (ФДП) Кристијан Дуер испрати предупредувачка порака до имигрантите. „Никој не е добредојден кој доаѓа во Германија да поттикнува против Израел“, рече Дуер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK