„Љубовна терапија“ в сабота премиерно во Театар Куманово

„Љубовна-терапија-в-сабота-премиерно-во-Театар-Куманово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сабота на 14 октомври од 20:00 часот во склоп на МТФ Денови на комедија Куманово, Театар Куманово ќе ја изигра премиерата на претставата Љубовна терапија во режија на Драгана Таневска. Оваа претстава е дел од годишната програма на институцијата одобрена од Министерство за култура.


Во претставата играат: Владанка Крстевски, Александра Михајловска Величковски, Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ и актерите гости Никица Јанковски и Матеј Стојковски. Костимографијата е на Драгана Таневска, сценографија Крсто Богојевски, драматургија Симона Тоскиќ.

Претставата е модерна комедија која ги прикажува луѓето во дваесет и првиот век кои ги користат апликациите за запознавање за да дојдат побргу до својот посакуван партнер. Претставата изобилува со динамични моменти во кои публиката ќе ужива преку разните ситуации во кои ќе се најдат ликовите сакајќи да се „излечат “од својата љубов, страст и зависност. Со одличната актерска игра, ефектни костими и сценографски решенија очекуваме дека публиката ќе биде задоволна од најновата претстава на Театар Куманово.

Втората реприза закажана за 17 октомври од 20:00 часот во голема сала на Центар за култура Куманово е распродадена, и закажана е и третата изведба за 18 октомври (среда) од 20:00 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK