Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека блокираниот Појас Газа има гориво само уште за неколку часа.
„Има уште време, но веројатно само неколку часа, генераторите да работат, вклучително и оние во болниците“, рече Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека МКЦК е во контакт со палестинската милитантна група Хамас и израелските власти во врска со заложниците киднапирани од членовите на Хамас.
„Сега сме во контакт со Хамас и израелските претставници како дел од напорите за ова прашање“, рече Карбони, повикувајќи на итно ослободување на заложниците.
„Како неутрален посредник, ние сме подготвени да ја олесниме комуникацијата меѓу заложниците и членовите на семејството и да го олесниме нивното евентуално ослободување“, рече Карбони.
Израелската армија претходно објави дека Хамас држи најмалку 97 заложници, додека милитантната група тврди дека држи 130 лица, пренесува Танјуг.