Валверде и Камавинга ги продолжија договорите со Реал

Валверде-и-Камавинга-ги-продолжија-договорите-со-Реал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Реал Мадрид Едуардо Камавинга и Федерико Валверде ги продолжија договорите со клубот. И двајцата потпишаа нови петгодишни договори, во Реал ќе останат до 2028 година.



Тренерот Карло Анчелоти ги вклопи во системот во кој сака Реал да игра во иднина. Без вистински напаѓач, примарен стрелец е Џуд Белингем, Винисиус и Родриго се на крилните позиции, а грбот им го чуваат Камавинга, Валверде и Чуамени.

Централните играчи за врска треба да ги заменат Лука Модриќ и Тони Крос кои се блиску до пензија, пишува порталот „90мин“.

Реал во новиот состав без Бензема игра одлично. Во шпанската лига е на првото место со осум победи и еден пораз (против Атлетико Мадрид), а во Лигата на шампионите победи во првите два натпревари, против Унион Берлин и Наполи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK