Министрите за одбрана на членките на НАТО денеска на самитот во Брисел ќе разговараат за мисијата на КФОР, бидејќи во Косово се зголемени тензиите, поради што е важно Алијансата да го зајакне своето присуство во таа област, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој наведе дека теми на разговор на вториот ден од самитот ќе биде присуството на Алијансата во Ирак, како и дека израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, ќе се обрати пред учесниците на состанокот.
Ги осудуваме ужасните терористички напади врз невини цивили во Израел, рече Столтенберг во средата, на првиот ден од самитот.