Девојка од „фестивалот на смртта“: Седеа врз другарка ми, ја силуваа и ја убија

Девојка-од-„фестивалот-на-смртта-Седеа-врз-другарка-ми-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најсмртоносните напади за време на конфликтот меѓу Хамас и Израел се случи на музички фестивал во Израел, во близина на границата со Газа. Илјадници милитанти на Хамас упаднаа на настанот, убивајќи цивили и земајќи луѓе како заложници.



Најмалку 260 тела се веќе извлечени од местото на фестивалот, а многу луѓе се уште се водат како исчезнати. Хила Факлиро беше келнерка на фестивалот „Супернова“ и изјави за „Скај њуз“ дека нападот започнал со проектили што летале над главата, а посетителите веднаш се стрчале да се засолнат.

Таа објасни како лежела на земја половина час пред да почне да трча кон нејзиниот автомобил во обид да избега. Но, како што вели, полицијата го затворила патот. „Кога се свртевме, видовме повеќе од 20 терористи во црна облека како пукаат насекаде. Тоа беше како полигон за обука“, рече таа. „Тие само пукаа во сè. Ако си жив, брзо ќе бидеш мртов“, додава таа.

На крајот, вели таа, трчала четири часа, додека не ги видела израелските полицајци и војници. Додека се обидувала да дојде до своите пријатели, на социјалните мрежи видела видео од убиството на пријател. „Терористите седнаа на неа и ја силуваа и направија многу работи што не можам да ги кажам“, додаде таа.

„Познавам четири лица кои загинаа и имам двајца пријатели кои исчезнаа. Мразам да го кажам тоа, но се надевам дека не се живи бидејќи не можете ни да замислите што им прават“, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK