Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(47), Е.С.(51) и против Т.М.(57), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на животната средина и природата со отпад” и „узурпација на недвижност”, извести МВР.
– Инспектор за животна средина на Град Скопје и надлежни служби од Општина Бутел извршиле контрола на диво создадена депонија на земјиште кое било дел во државна сопственост, а дел приватни парцели на ул.„Александар Урдаревски“, соопшти МВР.
При контролата било затекнато товарно возило, сопственост на правно лице, а управувано од првопријавениот, кој вршел истовар и депонирање на земја на барање и ангажман на второпријавениот, а на земјиште сопственост на третопријавениот.