Кремљ до Зеленски: „Неосновани сугестии дека војната на Блискиот Исток е во интерес на Русија“

Кремљ-до-Зеленски-„Неосновани-сугестии-дека-војната-на-Блискиот-Исток.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека во интерес на Русија е да предизвика војна на Блискиот Исток со цел да го ослабне „глобалното единство“, не се заснова на факти, соопшти Кремљ.


Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека ова е долгогодишен конфликт со многу длабоки корени и дека Русија е во контакт и со Израел и со Палестинците.

„ Русија има долготрајни историски врски со Палестинците и има многу заедничко со Израел, вклучувајќи го и фактот дека многу Израелци се поранешни руски државјани“ – рече Песков на редовниот брифинг со новинарите.

Според него, официјална Москва има намера да продолжи со дипломатските напори и обиди за постигнување мир меѓу Израел и Палестинците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK