ОН: Земањето на заложници е забрането со меѓународното право

ОН-Земањето-на-заложници-е-забрането-со-меѓународното-право.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк денеска објави дека е „длабоко шокиран и огорчен од наводите за кратки егзекуции на цивили и, во некои случаи, ужасни масакри од страна на членови на палестински вооружени групи“.


Тој ги повика тие групи „веднаш и безусловно да ги ослободат сите заробени цивили и оние кои се уште се притворени“.

Кажа дека бил информиран и дека во бомбардирањето на појасот Газа од израелските сили загинале цивили.

„Земењето заложници е забрането со меѓународното право“, нагласи тој, потсетувајќи и дека целосната опсада на Појасот Газа што ја објави израелскиот министер за одбрана во понеделникот е забранета со меѓународното право, пренесува Франс прес.

„Секое ограничување на движењето на луѓе и стоки заради воведување опсада мора да биде оправдано со воена неопходност, во спротивно тоа може да претставува колективна казна“, се вели во соопштението на високиот комесар на ОН.

Нападите од Појасот Газа започнаа рано наутро во саботата.

Повеќе од 900 луѓе загинаа во Израел и речиси 700 во Газа.

Повеќе од 187.500 луѓе се раселени и на палестинска територија, според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK