До крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со коишто ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние пензионери со ниски пензии, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Министерката тврди дека не споменале покачување на пензиите за 6,8 отсто проценти ниту таа, ниту пак, било кој друг претставник на Владата.
„Претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти, затоа што 6,8 ниту јас, ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6, и околу 6, меѓутоа податоците секогаш велев ќе ги почекаме податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС)“, рече министерката прашана за коментар околу изјавите на пензионерите дека со покачувањето од 5,3 отсто добиле само 200 до 300 денари.
„Не може да биде 200-300 бидејќи процентот е 5,3 според податоците на Државниот завод за статистика“, рече Тренчевска.
Ако има некој 200 или 300, порача министерката, слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка.
„Јас не верувам дека некој има 200, или 300 денари добиено зголемување односно усогласување затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе преметате 5,3 е околу 800 денари“, изјави Tренчевска.