Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не можеше да одговори колкави пари државата ќе собере од покачувањето на ДДВ-то на одредени „луксузни“ производи и каде и за што ќе завршат собраните пари.
Тоа како што појасни Битиќи е дел од среднорочен план за даночни реформи.
„Ниедна даночна реформа не можете денеска да ја дефинирате и да кажете кој е денеска ефектот. На среден план и на долг рок тоа е ножно да се направи. Одредени продукти мора да се знае дека не треба да имаат повласетна даночна стапка и тоа се средства кои на крај завршуваат кај нашите граѓани, за да се сервисираат социјалните потреби. И тоа не се средства кои се прибираат за да на крај завршат во друг систем, во Бела палата или на други места“, уверуваше Битиќи.
Според него, се ќе зависи од тоа колква ќе биде потрошувачката токму на тие производи.
„Но како што кажа и премиерот листата на производи во повластена даночна стапка е навистина еднa од најголемите во регионот“, подвлече вицепремиерот.
На прашањето дали на седница на Влада ќе биде прецизирано и предложено каде е потребна корекција на ДДВ-то Битиќи истакна: „Не можам јас да кажам и да ја земам улогата и да дефинирам што сметам дека треба привилегирано, тоа се граѓаните, тоа се стопнанските комори, кои треба да реагираат соодветно“