СДСМ: Македонската култура доживува успеси, Скопје културна престолнинца, сочуван македонски јазик, одлука на УНЕСКО

1692773299_sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Со СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси, а традицијата, историјата, идентитетот и културното наследство се сочувани и заштитени.


Посветеноста на интитуциите предводени од СДСМ е препознаена и потврдена од европските експерти, кои го избраа Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“.

Оваа престижна титула е можност за силен културен развој, реализација на нови проекти, афирмација на македонската кулутра.

Со политиките на СДСМ македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици, заштитен без додавки и фусноти.

Одговорните политики и преземените чекори и постапки се соодветно се валоризирани и од УНЕСКО, кој донесе одлука охридскиот регион да остане на листата на светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

СДСМ, преку институциите коишто ги предводи продолжува со заложбите за заштита, негување и промоција на културата и обезбедува можности за развој и напредок“.

Соопштение на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK