(Видео) „Тигрите“ спасија исчезнат пожарникар во Штип

Видео-„Тигрите-спасија-исчезнат-пожарникар-во-Штип.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хеликоптерската единица на МВР и „Тигар“ пронајдоа и спасија пожарникар пријавен за исчезнат при гасење пожар во штипско.



Од МВР велат дека исчезнатиот пожарникар бил ангажиран во гасење на пожар во село Селце, општина Штип.

„Хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и алпинистички тим од САЕ Тигар полета и се вклучи во потрага по исчезнатиот пожарникар. Во 13:30 часот лицето е лоцирано на непристапен терен, по што е изведена крајно сложена акција, при што е спуштена алпинистичка екипа на САЕ Тигар со витло и лицето е безбедно пренесено на безбедна локација“, велат од МВР за случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK